клинец | м.

Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира; шајка. Палтото го беше обесил на клинецот зад вратата.

клиника | ж.

Специјализирана болничка установа (обично во рамките на медицински факултет) за лекување болни, за научни испитувања и за практична медицинска настава. Хируршка клиника. Приватна клиника.

клинички | прид.

Што се однесува на клиника, што се прави на клиника. Клиничко испитување. Клиничко лекување.

клинка | несв.

Оди бавно, се влече; се ниша при одењето, се клацка, оди нерамно (обично за коњ, магаре и сл.). Пред него клинка магарето натоварено со плочи.

клинкачка | ж.

Вид оро.

клинорога | ж.

Коза што има еден прав и еден крив рог.

клинч | м.

(спорт.) Положба во која боксерот се потпира или го држи противникот за да го спречи задавањето на удари.

клинчар | м.

Тој што изработува клинци.