клум! | изв.
Извик за имитирање на звукот што се слуша при фрлање камен во вода. Го фрли каменот во реката и се чу: клум!
клумбарец | м.
клумка | несв.
Тресе, клати сад исполнет со течност за да се измеша; клацка 2. а). Го клумка шишето со сок и става во чашите.
клумне | св.
Протресе сад исполнет со течност за да се измеша. Шишето треба да се клумне неколкупати за да се раствори шеќерот.
клун | м.
Остар и издолжен рожен дел на устата кај птиците, орган за фаќање храна, за колвање. Орлов клун. Пајките ги пикнаа клуновите во водата.
клунар | м.
(само мн.) Општ назив за цицачи што во телесната градба имаат карактеристики на птици и на влекачи и живеат во географската област на Австралија; Monotremata.
клунест | прид.
Што има форма на птичји клун, што личи на клун. Клунест нос. Клунести кораби.
клунка | ж.
клупа | ж.
Дрвен или метален предмет за седење, за повеќе лица, со или без потпирач. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. До него на клупата седна еден старец.
клупски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на клуб. Клупски простории.