бегалка | ж.
Девојка која бега од родителите кај младичот за да се мажи. Јас бев бегалка во неговата куќа. Ја зел невестата бегалка.
бегалко | м.
Бегалец, обично од некоја работа. Тој е бегалко од училиште.
бегалство | ср.
беганица | ж.
Панично бегство, бегање. Започна страшна беганица. Тој поинаку ја разбираше таа нејзина беганица.
беганка | ж.
бегач | м.
Тој што бега. Бегачот бега и се спасува.
бегинка | ж.
беглак | м.
беглербег | м.
Врховен заповедник, воен и граѓански старешина на некоја област или покраина во Турското Царство.
беглик | м.
Административна единица управувана од бег.