бегликчија | м.
Собирач на данок (во натура) во Турското Царство.
бегов | прид.
Што припаѓа на бег. Бегова стока. Беговите волови. Бегова куќа. Бегов син.
беговина | ж.
Бегова земја, бегов имот.
беговица | ж.
Бегова жена.
беговски | прид.
Што припаѓа на бег. Се шеташе низ беговскиот сарај. бегов.
бегол | прид.
Што е направен набрзина, без задржување и задлабочување, површен; краткотраен, моментален. Само со бегол поглед ги опфаќаше луѓето. Фрли бегол поглед на постарите жени во салонот.
бегство | ср.
Нагло напуштање на некое место, бегање обично за да се избегне некоја опасност или непријатност. Безглавото бегство на луѓето во мене роди невиден страв. Народните патила се често повод за бегство од родното место.
бегува | несв.
(истор.) Врши беговска власт.
бегум | прил.
Брзо, со трчање.
беда | ж.
Немање доволно средства за живот; сиромаштија. Животот станал неснослив, поради социјалната беда. Притиснати од бедата, многумина заминувале на печалба.