бдение | ср.

Ноќна служба во православната црква спроти големи празници. Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден. Се разретчија некако редовите жени на бдение тргнати.

бе! 1 | изв.

За истакнување, за нагласување на исказот: бре, море. Мое е бе! А бе, ние така ја тераме. А бе, не разбирам јас, ами и јас деца ранам!

бе! 2 | изв.

За подражавање блеење на овци. Кога се приближуваше до трлото, овците блееја: бе‒е, бе‒е‒е. Овцата фати да блее кога виде дека е врзана, блее зачестено и се потажно, бее, беее.

бебе | ср.

Новороденче, мало дете уште непроодено, доенче.

бев | несв.

Минато несвршено прво лице еднина од сум. (бев, беше, беше; бевме, бевте, беа). Јас бев дојден. Јас бев замислен. Да бев јас во неговата кожа истото ќе го сторев.

бег 1 | м.

Благородничка титула, титула на феудален земјопоседник или на заповедник во Турското Царство; кога стои со името обично се става по името. Пред него стои бег со чалма и димискија в раце. Сулејман-бег. Осман-бег. Рустем-бег.

бег 2 | м.

Бегство, бегање, забрзано движење, движење нанекаде со трчање. Непријателот се даде во бег кон планината. При бегот од поплавата ги оставија куќите.

бега | несв.

Се оддалечува со трчање. Си удрил да бегаш надолу кон селото. Летна да бега дома.

бегалец | м.

Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина, што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја. Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај.