безброден | прид.
Што е без брод, без газалиште; што нема можност да се прегази, да се премине, непреоден (обично за река, вода). Безбродна река.
безброен | прид.
Што е во многу голем број, што не може да се изброи, многуброен. Безброен народ се собра да те испрати. Дали сум сторил нешто што би ги намалило безбројните страдања на мојот народ?
безброј | м.
Тоа што не може да се изброи, неброено множество. Во безбројот ѕвезди се истакнуваше младата месечина.
безброј | прил.
Многу, неброено. Остави безброј злато и со оки сребро. Се одржаа безброј здравици. Го навасаа безброј нови впечатоци. Човекот создаде безброј чуда. Се туфкав безброј пати.
безверен | прид.
Што не верува во бога, безбожен, нерелигиозен. Безверните жени разговараа гласно и пречеа во црковниот обред.
безверие | ср.
Неверување во бога, атеизам. Со сјај и раскош го маскираат своето безверие. Како да го видоа пеколот, се исплашија од своето безверие.
безверник | м.
Тој што не верува во бога, безбожник, атеист. Се појавија многу еретици и безверници.
безветрен | прид.
Што е без ветер, тивок. Беше безветрена ноќ. Безветрено време.
безветрие | ср.
безветрина | ж.
Време без ветер; затишје. Летни безветрини. Фустанот ѝ беше виснат како фронтовско знаме на безветрина.