безгрижен | прид.
Што е без грижа, што е ослободен од грижи; спокоен, мирен. Безгрижен живот. Безгрижна игра. Безгрижна младост. Безгрижни години.
безгрижник | м.
Тој што е безгрижен, спокоен. Безгрижникот уживаше во животот.
безгробен | прид.
Што е без гроб, што е во незнаен гроб. На мајката ѝ го дадоа синот да не остане безгробен. Татко му е безгробен. Најстрашна е безгробната умирачка.
бездарен | прид.
Што е без дарба, ненадарен, неспособен. Бездарен писател. Бездарен кројач.
бездарник | м.
Тој што е без дарба, без талент, што е неспособен. Бездарници има во секоја уметност. Бадијала го јаде лебот, отсекогаш бил бездарник.
бездеен | прид.
Што е без дејност, што е без активност; неактивен. Бездејниот човек се затвори во себе.
безделен | прид.
Што поминува време во безделие, што не се занимава со ништо. Безделните и богати луѓе пронајдоа нова забава.
безделие | ср.
Отсуство на желба за работење, безделничење.
безделник | м.
Тој што е безделен, што безделничи, што не сака да работи поради мрзливост, што го поминува времето во денгуба. Селската кафеана беше полна со безделници.
безделничи | несв.
Не работи; не сака да работи, денгуби. Градинарот безделничеше во сенките од големите дрвја. По цел ден пиеја и безделничеа.