коравица | ж.

Вид диња со дебела кора. Баба ми садеше најслатки коравици. На пазарот продаваше лубеници и коравки

корал 1 | м.

Вид црковна хорска песна што се пее едногласно. Коралите што ги собрал папата биле народни песни своевремено.

корал 2 | м.

Морско неподвижно животно од родот на полипите што живее прикачено на карпи во големи групи; Anthozoa.

корален | прид.

Што се однесува на корал2, што е од корал. Корална гривна.

Корално Море | ср.

Море на североисточниот брег на Австралија.

коран | м.

Машка пастрмка во Охридското Езеро. Цело лето ловеа маслинести корани.

Коран | м.

Муслиманска света книга со учењето на мухамеданската религија

корач | м.

Вид чекан за потковување коњи. Со корачот почна да удира по потковицата.

корбач | м.

Бич од едно парче или сплетен за јавач на коњ. Силно замавна со корбачот.