корвета | ж.

Мал извиднички брод; мал брз крстосувач. Една корвета ги распнуваше платната.

корветен | прид.

Што се однесува на корвета. Корветен кормилар.

кордела | ж.

Украсна лента од различен материјал, боја и широчина; панделка. Во косата носи кордела.

Кордилјери | и.

Планински масив во Северна Америка.

Кордоба | ж.

Град во Шпанија.

кордон | м.

Пограничен или заштитен одред војска или полиција верижно распореден.

Корејски Полуостров | м.

Полуостров во Азија.

коректен | прид.

Правилен, точен, беспрекорен. Коректен литературен јазик.

коректив | м.

Тоа што поправа, дотерува; тоа што подобрува, што усовршува. Корективни вежби.