кореспонденција | ж.
Размена на писма меѓу две лица или установи; преписка. Започна кореспонденција меѓу двете библиотеки.
кореспондира | несв.
Пишува писма и одговара на нив; се допишува. По цел ден кореспондира со читателската публика.
кореферат | м.
Дополнителен реферат; спореден извештај. Ќе се чита главниот реферат со корефератите.
кореферент | м.
Тој што поднесува кореферат; спореден известувач.
Корзика | ж.
Француски остров во Средоземно Море.
корзира се | несв.
Се шета по корзо. Секој ден се корзира по плоштадот.
корзо | ср.
Место во градот каде што се собираат шетачи во одредено време; шеталиште. Девојката ја познавам од корзото. Младите се шетаа прегрнати на корзо.
кори | несв.
Опоменува некого, изразува незадоволство; кара. Учителката благо ги опоменува и ги кори.
коригира | св. и несв.
Поправи, поправа грешка воопшто. Ги коригира сопствените заблуди.
коригиран | прид.
Што е поправен. Коригиран текст.