коскест | прид.
ковчест. Коскести раце.
косма | ж.
Влакно. Се направи наслојка не подебела од косма.
космат | прид.
Што е обраснат со влакна. Космат старец.
космест | прид.
косми | несв.
Стриже новороденче. Го косми детето.
космички | прид.
Што се однесува на космосот; вселенски. Космички сили. Космичка ракета.
космогонија | ж.
Област од астрономијата што го проучува настанокот и развитокот на небесните тела и нивните системи, особено на Сончевиот систем.
космодром | м.
Уредено земјиште со стартни рампи и други уреди и инсталации што служат за лансирање ракети и космички летала.
космологија | ж.
Област од астрономијата што ги проучува законите што владеат во вселената.
космонаут | м.
Лице што лета низ вселената со вселенско летало.