космонаутика | ж.

Теорија и практика на вселенските летови.

космополит | м.

Лице што е приврзаник на космополитизмот; граѓанин на светот.

космополитизам | м.

Политичко уверување според кое човекот треба да гради хумани општочовечки односи без оглед на националните, верските и државните граници.

космос | м.

Патува во космосот.

косне 1 | св.

Предизвика силна болка; чепне. Во срцето нешто ме косна.

косне 2 | св.

Малку окоси. Ја косна тревата.

косо | прил.

Косово | ср.

Држава во Европа.

косопад | м.

Паѓање на косата, делумно или целосно; ќелавост.

косопасец | м.

Заразна болест од која паѓа косата. Косопасецот се лечи со толчен лук.