кочанка | ж.

Кочан од пченка без зрната, остаток од изронет плод од пченка.

кочи | несв.

Забавува, подзапира, сопира движење на нешто со кочница. Кочи со тракторот по долницата.

кочија | ж.

Вид патничка кола со подвижен покрив; пајтон, фијакер. Се вози со кочија.

кочијаш | м.

Тој што вози кочија. На предното седиште вози кочијашот.

кочина | ж.

Ограден простор за чување свињи; свињарник. Во кочината чуваа пет свињи.

кочи се | несв.

Се гали, се умилкува. Детето се кочи со баба си.

кочница | ж.

Направа за подзапирање или за сопирање на движењето. Рачна кочница.

кочничар | м.

Тој што кочи со кочница. Работи како кочничар на возовите.

коџа | прил.