коџабашија | м.
Селски кмет; селски старешина. Коџабашија на селото.
коџамити | прил.
Многу, доволно, во голема мера. Беше коџамити голема во снагата. Собра коџамити детелина.
коџобашија | м.
кош | м.
Сад со различна форма и големина, сплетен од врбови или други гранки. Кошовите се полни со јачмен. Носи плетен кош на рамо.
кошар | м.
кош.
кошара | ж.
Просторија чии ѕидови се од праќе облепени со кал за чување добиток. Овците лежеа во кошарата.
кошаре | ср.
Дем и хип. од кошар и од кашара.
кошарина | ж.
кошарка 1 | ж.
Дем. од кошара. Чифлички кошарки.
кошарка 2 | ж.
Игра со топка меѓу две екипи во која секоја екипа се труди да победи со поголем број уфрлени топки со раце во противничкиот кош. Момчево добро игра кошарка.