кошаркар | м.

Лице што игра кошарка.

коше | ср.

кошија | ж.

Натпревар со коњи; коњска трка. На ат пазар ќе има голема кошија.

Кошице | ср.

Град во Словачка.

кошка | несв.

Удира со нога нешто. Ги кошкаа расфрлените предмети.

кош-кош! | изв.

Со кој се враќа добитокот назад.

кошмар | м.

Лош сон со ужасни привиденија. Секоја ноќ има кошмари.

кошмарен | прид.

Што е исполнет со кошмари. Кошмарен сон. Кошмарна случка.