кошне | св.
Удри нешто со нога.
кошница | ж.
Сад со различна форма направен од плетени прачки и со рачка озгора. Береше грозје во кошницата. Купи кошница со хортензии.
кошничар | м.
Лице што плете и продава кошници. Кошничарот ги беше направил кошниците со љубов.
кошничарство | ср.
Занаетчиска дејност. Живее од кошничарство.
кошоглавица | ж.
Жена со неуредена, разбушавена коса. Што се фалиш, жолта дуњо кошоглавице!
кошта | несв.
Чини, има одредена цена. Колку кошта компирот?
коштав | прид.
За орев – што е со јака коска, тешко скршлив. Јаде коштави ореви.
коштан | м.
коштилав | прид.
Човек што има развиени, поизразени коски. Коштилава жена.
коштрав | прид.
Што е накострешен, наежен. Коштрави веѓи.