беззаконствува | несв.

Постапува бесправно, противправно, дејствува незаконски. Некои беззаконствуваа и не одговараа за своите недела.

беззаштитен | прид.

Што е без заштита, беспомошен, незаштитен. Беззаштитна жена. Им се одмаздуваа на беззаштитните селани.

безземјаш | м.

Тој што нема своја земја, што не е сопственик на земја. Многу безземјаши работеа по имотите на наемодавците.

безземјен | прид.

Што нема своја земја, што е без земја. Сиромашните безземјени луѓе беа принудени да работат за многу ниски надници.

беззимен | прид.

Што е без зима, што е со блага зима. Некои делови од Земјата се беззимни. Беззимна година.

безѕвезден | прид.

Што е без ѕвезди, темен. Безѕвездено небо. Плетенките ѝ беа црни како безѕвездени ноќи.

безидеен | прид.

Што е без идејна ориентација, без припадност кон политичка идеологија. Безидејна борба.

безизлезен | прид.

Што е без излез, без можност за успешно решение, безнадежен. Безизлезна ситуација. Безизлезна положба. Безизлезни маки.

безизразен | прид.

Што е без израз, што нема карактеристични црти, што не изразува мисли и чувства, нејасен. Безизразен поглед. Безизразен плач. Безизразно лице. Безизразна група незадоволници.

безимен | прид.

Што е без свое име; некрстен; неименуван. Безимено дете. Безимено дело. Мала и безимена улица.