крајник | м.

(анат.) Една од двете жлезди што се наоѓаат од двете страни на почетокот од грлото во устата. Потечени крајници. Загноени крајници.

крајнина | ж.

Раб. Му се поткреваат крајнините од горната усна.

крајно | прил.

Многу, во најголема мера, преку мера, потполно, сосема. Се однесува крајно дрско.

крајност | ж.

Краен степен на нешто. Објективен е до крајност.

Крајова | ж.

Град во Романија.

крајпатен | прид.

Што е покрај пат. Крајпатни врби.

крајречен | прид.

Што е покрај река. Крајречни бавчи.

крајселски | прид.

Што е покрај село.

крајче | ср.

Завршок на некој предмет, мал дел од нешто. Се забриша со крајчето од крпата. Скина крајче од конецот. Го гледа со крајчето на окото.