крак | м.

(дијал.) Нога. Крастата се ширеше по краците над колената.

крака | несв.

За кокошка – испушта глас, се огласува. Кокошките уплашено кракаа.

кракат | прид.

Што има долги нозе. Види го каков е кракат.

кракел | м.

Кука, ченгел.

кракле | ср.

Тој што има долги нозе. Што гледа во тоа кракле?

краклест | прид.

Што е со долги нозе. Краклест човек.

Краков | м.

Град во Полска.

крал | м.

Највисока наследна титула на монарх во некои држави, тој што ја носи таа титула.

кралица | ж.

Жена владетел во монархија; крал Ја устоличија за кралица.