краличин | прид.

Што ѝ припаѓа на кралицата. Краличин прстен.

кралство | ср.

Држава со монархистичко уредување на чело со крал. Тој беше вазал во кралството.

кралува | несв.

Владее со кралство како крал. Кралуваше долги години со кралството.

кралчиче | ср.

Бел багрем; Robinia pseudacacia. Белее цветот на кралчичето. Магарето е врзано за кралчичето во дворот.

крамар | м.

Водач на кираџии, главен кираџија.

крамп | м.

Орудие за копање; копач. Замавнува со крампот по тврдата земја.

крампон | м.

Округло парче кожа или гума што се става на копачките.

крампонка | ж.

Патики со крампони, копачки.