кран | м.

Машина за дигање и пренесување големи товари; дигалка. Крановите ја дигаа рудата.

кранист | м.

Работник што управува со кран. Работи како кранист на градилиште.

кранта | ж.

Слаб, мршав коњ. Крантата сосе самарот останала жива.

Крањ | м.

Град во Словенија.

крап | м.

Слатководна риба со тело покриено со јадри крлушки; Cyprinus carpio. Зготви крап на жар. Улови крап од езерото.

краса | ж.

Поради суеверие – име за змија. Го касна краса.

красат | прид.

Што накиселува, киселкав. Красато грозје.

красатка | прид.

Малку кисело, што накиселува.

красен | прид.

Прекрасен, многу убав, сјаен. Красна жена. Красно место.