краси | несв.
Прави да изгледа убаво; дава убав изглед. Секогаш ја краси шапка на главата.
краснопис | м.
Вештина на убаво пишување.
краснописец | м.
Лице што убаво пишува, што го владее краснописот.
красноречив | прид.
Што лесно и вешто ги искажува своите мисли; што е надарен со красноречивост. Красноречива учителка.
красноречивост | ж.
Особина на тој што е красноречив; говорничка дарба. Свештеничка красноречивост.
красноречие | ср.
Црковно красноречие.
красота | ж.
Убавина. Небеска красота.
краста 1 | ж.
(мед.) Кожна заразна болест проследена со силен јадеж. Од крастата му паѓаа парчиња коса. Ги премачкува крастите со зајачка лој.
краста 2 | ж.
Голо, камено место на рид или планина; голина. Не се пасат овци на краста.
крастав 1 | прид.
Што е болен од краста; крастосан; шугав. Крастави луѓе. Краставо магаре.