крвнина | ж.
Крвопролевање, убиство. Втасаа со пушки в раце готови за крвнина.
крвнички | прид.
Што се однесува на крвник.
крвно | прил.
Со крв, по крв. Фамилиите крвно се измешаа.
крвожеден | прид.
крволок | м.
Тој што е крволочен. Крволокот го извади ножот и го нападна селанецот.
крволочен | прид.
Што е жеден за пролевање крв и за убиства. Крволочен убиец. Крволочна војска.
крвоносен | прид.
Што ја разнесува крвта во телото. Крвоносни садови.
крвопиец | м.
Тој што безмилосно искористува некого; бездушник, нечовек. Ненароден крвопиец.
крвопролевање | ср.
Пролевање крв, масовно убивање. Битката донесе крвопролевање.
крвоса | св.