кредитоспособен | прид.
Што е способен, што исполнува услови да добие кредит.
кредо | ср.
Исповед, симбол на верата, „верују“.
креира | св. и несв.
Создаде, создава некакво (уметничко, научно и др.) вредно дело;
крек! | изв.
За подражавање глас од жаба.
крека | несв.
За жаба – испушта гласови. Крекаат жабите од барата.
крекалица | ж.
(зоол.) Вид жаба што многу крека. Hyla amborea. Ги слуша жабите крекалици.
крекачка | ж.
крекла | ж.
креклив | прид.
Што крека, што е сличен на крекање. Креклива жаба. Креклив глас.
крекло | м.
Тој што многу зборува, брборко. Се омажила за крекло.