кревок | прид.

За растение – лесно кршлив, свеж, сочен. Кревки гранки. Кревка зелка.

креда | ж.

Вид бел, мек варовник што се користи во индустријата; калциев карбонат.

креден | прид.

Што се однесува на креда, што е од креда. Кредна прашина.

креденец | м.

Орман наменет за кујна, за трпезарија. Ги нареди чашите во креденецот.

кредибилен | прид.

Во кој може да се има доверба, што заслужува доверба;

кредибилитет | м.

Особина на тој што има, што заслужува доверба;

кредит | м.

Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата. Краткорочен кредит. Потрошувачки кредит. Станбен кредит.

кредитен | прид.

Што се однесува на кредит. Кредитни средства. Кредитен систем. Кредитни установи.

кредитира | св. и несв.

Даде, дава кредит некому. Банките го кредитираат стопанството.

кредитор | м.

Тој што дава кредит.