крекне | св.

Како да крекна жаба.

крекотница | ж.

Силно крекање. Го разбудија жабите со крекотница.

крем | м.

Кашеста смеса за обложување торти и слатки. Чоколаден крем.

крематориум | м.

Зграда со уреди за спалување мртовци.

кремен 1 | м.

Многу тврд камен што пушта искри при удар. Запали оган со кремен. Направи плочник од кремен

кремен 2 | прид.

Што е од многу тврд камен. Кремен темел. Кремен плочник.

кременадла | ж.

Парче месо со коска од 'рбетот. Свинска кременадла. Кременадла на жар.

кременарка | ж.

Старинска пушка во која барутот се пали со искра од кремен. Од дедо му чуваше пушка кременарка.

кремењак | м.

Одделен кремен камен.