кремира | св. и несв.

Спали тело на мртовец во крематориум или според традиционални обичаи.

кремниса | св.

Турне некого од голема височина или во голема длабнатина, во бездна. Го кремнисале човекот во некој дол.

кремно | ж.

Бездна.

кремпита | ж.

Вид колач од лиснато тесто и крем.

крене | св.

креол | м.

Потомок на европските колонизатори во Латинска Америка.

креолец | м.

Термин што означува етнички групи и јазици настанати со мешање на домородното население во прекуокеанските колонии со белите колонијални господари.

креп | м.

Вид тенка свилена или волнена ткаенина со рапава површина. Превез од креп. Фустан од креп.

крепа | ж.

Парче од карпа, камен. Децата си играа со крепи. Седна на високата крепа.