крепдешин | м.

Вид свилена ткаенина од цврсто испредени нитки.

крепжоржет | м.

Свилен жоржет.

крепи | несв.

Потпира, придржува. Го дигнаа и го крепеа болниот во собата.

крепител | м.

Тој што е заштитник, потпора. Крепители на нацијата.

крепне | несв.

Јакнее, зацврснува. Децата раснат и крепнат.

крепок | прид.

Што е физички јак, цврст, силен, здрав. Крепко здравје. Крепки чекори.

крепон | м.

Вид памучна ткаенина слична на креп. Кошула од крепон.

крепосник | м.

Крепостен селанец. Големопоседникот беше суров со своите крепосници.

крепосништво | ср.

Општествено уредување во Царска Русија во кое селанецот е прикрепен кон земјата и зависи од господарот.