кривулкав | прид.

Кривулкаво патче.

кригла | ж.

Голема чаша од половина литар за точено пиво. Испи кригла пиво.

крие | несв.

Стави нешто (материјално) на скришно место да не може друг да го најде. Крие пари. Крие оружје.

криеница | ж.

Детска игра во којашто целта е да се пронајдат тие што се скриени. Играат криеница.

криза | ж.

Многу тешка состојба, промена кога се очекува или излез, решавање, или крајно лоши последици. Станбена криза. Политичка криза. Финансиска криза. Владина криза. Воена криза.

кризен | прид.

Што се однесува на криза, што се одликува со криза. Кризно подрачје. Кризна ситуација.