крик | м.

Силен, остар извик (од болка, страв, ужас, од големо изненадување и сл.). Тажен крик. Продорен крик.

крика | несв.

Испушта крикови. Тие силно викаа и крикаа. Испушта остар и непријатен глас (за птица).

криклив | прид.

Што прилега на крик. Тој пребледна и испушти некаков криклив збор.

крикне | св.

Испушти крик, викне гласно. Ранетиот крикна од болка. Таа крикна од страв.

крилат | прид.

Што има крилја. Крилат инсект.

крилатен | прид.

крилатица | ж.

Поговорка што се повторува често во зборувањето; духовит карактеристичен збор или реченица што е во широка употреба.

крилен | прид.

Што се наоѓа, што е распореден на крилата, странично, бочно. Крилните напаѓачи се најопасни.

крилест | прид.

крили | несв.

Лета; се крева со раширени крилја. Орелот крилеше над планината.