крилка | несв.
Крили по малку, во помала мера. Гулабите крилкаат по житото.
крило | ср.
а) Орган за летање кај птиците и некои инсекти. Орелот шири крилја. б) Таков орган кај некои митолошки суштества.
Крим | м.
Полуостров во Украина.
криминал | м.
Кривично дело, злосторство, вршење противзаконски работи со лоши последици за општеството. Борба против криминалот. Стопански криминал.
криминален | прид.
Што се однесува, што има својство на криминал. Криминален случај. Криминално подземје.
криминалец | м.
Тој што извршил или врши криминални дела; злосторник.
криминалист | м.
Специјалист по криминалистика.
криминалистика | ж.
Правна наука за проучување на криминалот и методите за откривање на злосторствата.
криминалистички | прид.
Што припаѓа, се однесува на криминалистика. Така заврши неговата криминалистичка кариера. Криминалистичка полиција.
криминалитет | м.
Вид и опсег на злосторничката дејност; збир на сторени кривични дела. Криминалитетот во стопанството е во пораст. Криминалитетот опаѓа.