крма 1 | ж.

Храна за добитокот. Стоката во зима бара добра крма.

крма 2 | ж.

Заден дел на брод или на чамец. Лоткарот седеше на крмата.

крма 3 | ж.

Вид ловечка пушка.

крмен | прид.

Што служи за крма. Крмни растенија.

крми | несв.

Храни стока, добиток. Татко му цела ноќ ги крмеше воловите со уров и пченка.

крмнак | м.

Мажјак на домашна или дива свиња; вепар. Тој имаше десет крмнаци.

крмначе | ср.

Младо домашно или диво свинче, прасе.

крмуз | м.

Темноцрвена боја.