крмуз | прид.

Што е со темноцрвена боја. Крмуз чоја. Крмуз фес.

крмчија | ж.

Зборник од црковни и световни правила кои се применуваат во црковната управа.

крни | несв.

Доведува нешто да не биде целосно, нарушува целина, откршува.

крнорог | прид.

Што има скршен рог или скршени рогови.

крнорога | ж.

Коза што е со скршен рог.

крнтија | ж.

Дотрајан предмет од долга употреба, старудија.

кровен | прид.

Што се однесува на кров. Кровна конструкција. Како кровен покривач кај овие објекти се користи сламата.

кроеж | м.

крој_1