крои | несв.

Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл. Крои палто. Чевларот кроеше нови модели на сандали.

крој | м.

Облик, начин како е нешто скроено, сошиено или нешто друго направено; модел, фазон. Модерен крој.

кројач | м.

Занаетчија што се занимава со кроење и шиење на облека.

кројачница | ж.

Просторија во која се крои и се шие, во која се изведуваат кројачки работи. Во кројачницата работеа неколку мајстори.

кроки | ср.

План на околина или на терен изработен од око или со едноставни геометриски справи. Неговото кроки на градот беше изработено за два дена.

крокира | св. и несв.

Направи, прави кроки; скицира.

крокодил | м.

Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврди ковчести крлушки; Crocodilia. Нилски крокодил.

кромид | м.

Едногодишно градинарско растение со подземно стебло, главица што се користи во исхраната на човекот; Allium cepa. На старото чардаче висеа венци кромид.

кромидар | м.

Тој што произведува кромид (кромид и лук).