кромидарник | м.
Место каде што се чува или каде што расте кромид.
кромидов | прид.
Што е од кромид; што е како кромид. Кромидова глава. Кромидови лушпи.
кромидов | прид.
Што е од кромид, што се однесува на кромид. Кромидови перја.
кромидушка | ж.
Главица кромид; подземното стебло на кромидот. Лупевме кромидушки.
кромитчија | ж.
крондир | м.
Сад за вино или ракија. Тој им налевал пијалак од златен крондир.
крос | м.
Атлетска дисциплина, трчање во природа. Пролетен крос. Есенски крос. Училиштен крос.
кросист | м.
Учесник во крос. Во градот се јавија многу кросисти.
крос-контри | ср.
кросно | ср.
Вратило на разбој за ткаење, едно за навиткување на основата, друго за исткаеното.