крснозе | прил.

Со прекрстени нозе. Седна крснозе.

крст | м.

а) Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол. Дрвени крстови. Метален крст. б) Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст. Крстен знак. Направи крст со раката. в) Знак или предмет во облик на крст.

крстат | прид.

Што има облик на крст, што е како крст. На снегот имаше крстати шари што ги направиле птиците шетајќи во сите правци.

крстач | м.

Бајрак со знак на крст.

крстачка | ж.

Вид шамија со крстати шари, дел од народна носија.

крстен | прид.

Што се однесува на крст, што е како крст; крст Крстен знак.

крстеница | ж.

Таа што му дава име на новороденото при обредот на крштевање; кума, крсница.

крстење | ср.

Глаголска именка. Правење крстен знак; крсти 3., се крсти 2. а) Добива име. б) Станува христијанин; крштавање.