крофна | ж.

Вид набабрена мекица од киснато тесто пржена во масло за јадење. Тестото за крофни нарасна.

кроце | прил.

Полека, бавно, внимателно. Одете кроце.

крошна | ж.

Колепка, лулка.

крпа | ж.

Парче ткаенина (обично од износени алишта и сл.) за крпење алишта; алтица, латица. Неговото старо палто беше закрпено со многу крпи.

крпач | м.

Тој што крпи, чевлар или шивач кој се занимава со крпење. Крпач на чевли.

крпеж | м.

Постојано крпење, живот во сиромаштија. Не знам што го влече во тој крпеж и беда.

крпеница | ж.

Закрпен, искрпен предмет.

крпи | несв.

Поправи нешто оштетено, пополни, затне дупки на оштетена површина, доведе во добра состојба. Жената ги крпеше чорапите. Тој го крпеше скинатиот опинок со некоја голема игла.

крполи | несв.

крпче | ср.

Дем. од крпа.