крстозборка | ж.

Вид енигматска творба во која на определен начин, со вкрстување на зборови хоризонтално и вертикално треба да се пополнат сите полиња. Решив неколку крстозборки.

крстома | прил.

крстоносен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на крстоносец. Крстоносен поход. Крстоносна војна.

крстоносец | м.

Учесник во крстоносните војни што ги воделе европските феудалци од XI до XIII век под знакот на крстот за освојување на Ерусалим.

крстопат | м.

Место каде што се вкрстуваат два или повеќе патишта; распаќе, раскрсница.

крстоса | св.

Постави нешто во облик на крст. Двете момчиња ги крстосаа дрвените сабји.

крстосница | ж.

Место каде што се вкрстуваат две или повеќе улици.

крстосувач | м.

Брз вооружен брод. Кајчето треба да биде мало за да ги избегне крстосувачите.