крстосувачки | прид.
Што се однесува на крстосувач. Крстосувачки ракети.
крстум | прил.
Како крст; во крст, на начин да формира крст. Носеше два ремена препашани крстум на градите.
крт 1 | м.
Цицач што се храни со инсекти, живее под земја и има предни нозе и муцка приспособени за копање; Talpa europaea. Кртот е повеќе штетно отколку корисно животно.
крт 2 | м.
Неплодна посна земја.
крт | прид.
Што лесно се крши, се дроби. Коските стануваат крти во староста.
кртала | несв.
кртечина | ж.
Купче земја на површината на земјата изриено од крт, место, живеалиште на кртови. Кртечините на ливадата се претворени во извори.
кртешница | ж.
кртечина.
крти | несв.
Крши, рони. Ти, како и другите, ќе кртиш стени за да доведеме вода во селото.
кртило | ср.
Котило на кртица.