крчмарев | прид.
Што му припаѓа на крчмар, што се однесува на крчмар. Крчмарева куќа.
крчмарица | ж.
Жена крчмар; сопственичка на крчма. Тој одвај чекаше да ја запознае крчмарицата. Крчмарицата добро си ја водеше крчмата.
крчми | несв.
Продава на мало. Немој да ги крчмиш бурињата.
крџалија | м.
Турски војници оддадени на грабеж и насилство. Дојденците во Битола се плашеа од разни банди, од крџалии и од башибозуци.
крш | м.
Остатоци, парчиња од тоа што е скршено, разурнато. На плоштадот остана крш.
кршалец | м.
кршеглавечки | прил.
Со главата надолу, со превртување преку глава. Паѓаше кршеглавечки.
кршен | прид.
Што е скршен, што не е цел. Кршени ореви. Дај од кршениот леб.
крши | несв.
Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови. Тој крши ореви. Детето ги кршеше гранките од дрвото.
кршигора | м.
(нар. поез.) Епитет за брз, силен коњ.