безризичен | прид.
Што е без ризик, што не е ризичен. Безризичен потфат. Безризична акција.
безроден | прид.
Што нема роднини. Безродна невеста.
безродница | ж.
Таа што не родила, што нема пород; неротка. На снаата ѝ префрлуваа што беше безродница.
безропотен | прид.
Што е без ропот, без шум. Безропотен дожд.
безумен | прид.
Што е без ум, луд; спрот. паметен. Безумен човек. Безумно дело. Безумна игра. Безумни работи.
безуми се | несв.
Останува без ум, губи памет. Детето се безуми од страв. Луѓето се безумеа од злосторствата на непријателот.
безумие | ср.
Состојба на тој што е безумен, безумност, лудост. Тој беше преплашен до безумие. Во моменти на своето безумје таа ја кинеше облеката
безумник | м.
Тој што е безумен, лудак. Го нашле безумникот вкочанет на плочникот.
безуморен | прид.
Што е без умор, многу вреден; неуморен. Безуморен човек.
безумство | ср.
Состојба на безумен човек; безумие. Таа одеше со безумство на раздразнет бик. Во своето безумство личеше на непресметлив човек што се радува на смртна опасност.