Куба | ж.

Остовска држава во Карипското Море, Средна Америка.

кубатора | ж.

Обем на нешто изразено во кубни метри. Кубатура на собата. Воздушна кубатура.

кубе | несв.

Вади од корен (од основата) нешто (влакно, пердув и сл.) Таа ги кубеше белите влакна. Тој ја кубеше тревата. Старата ја кубеше закланата кокошка.

кубе | ср.

Свод во облик на полутопка (особено на црквите); купола. Кубиња на катедрала. Кубето на црквата е позлатено.

кубелија | прид.

Што има облик на кубе; што личи на кубе.

кубен | прид.

Што се однесува на куб. Кубен метар. Кубен корен.

кубест | прид.

Што е како кубе, што има облик на кубе. Кубест покрив. Големи височини со кубести врвови.

кубизам | м.

Правец во сликарството кој ги сведува човечките ликови и предметите во природата на основните геометриски облици (квадрат, круг, коцка и др.) како апстракција на природните облици.

кубик | м.

Мерка за огревен или градежен материјал, рамна на еден кубен метар. Два кубика дрва. Три кубика камен. Неколку кубици песок.

кубира | несв.

Дига на трет степен. Кубирај го бројот три.