белоса | св.
белосветски | прид.
Што е од далеку, од туѓа земја, туѓ. Од стариот касетофон се слушаа македонски и белосветски песни.
белотија | ж.
Силно изразена белина.
белотртка | ж.
Птица пејачка; Oenanthe (saxicola) oenanthe.
белоушка | ж.
(зоол.) Водна, неотровна змија со бела дамка зад ушите; Tropidonotus natrix.
белоцветен | прид.
Што има бел цвет. Белоцветен багрем. Белоцветна овошка. Белоцветно растение.
белтак | м.
белузлав | прид.
Што во мала мера го изразува својството на бел. Белузлав фустан. Белузлава магла. Белузлави облачиња.
белутрак | м.
Вид тврд камен со зрнест состав и со бела боја; кварц, кремен. Потковиците удираа на белутракот и искри летаа во мракот. Реката се гребеше од крупните белутраци.
белучка | ж.