белушина | ж.
Вид глинено-варовита земја. Над куќата имаше белушина, а во шумата црвеница.
белушка | ж.
Белфаст | м.
Главен град на Северна Ирска.
белчо | м.
Име за сосем рус човек.
Бенгази | ср.
Град во Либија.
Бенгал | м.
Област во Индија.
Бенгалски Залив | м.
Залив во Индискиот Океан.
бенд | м.
Помала инструментална група, мал оркестар. Тоа е нов бенд на музичката сцена. Во Скопје настапија повеќе странски бендови.
бендер | м.
Вид петел. По гумното колваа кокошки и еден бендер петел.
бендери се | несв.
Се перчи, се прави важен; се качува на високо. Тој се бендереше, без срам, пред туѓинците. Кај се бендериш таму!