белчо | м.

Име за сосем рус човек.

беља | ж.

Зло, несреќа; штета. Ќе стане некоја беља ноќеска или утре. Каде и да оди само бели прави. Голема беља се стори, изгореа повеќе куќи.

бељаџија | м.

Тој што прави беља. Малечок е, ама голем бељаџија.

Бенгази | ср.

Град во Либија.

Бенгал | м.

Област во Индија.

Бенгалски Залив | м.

Залив во Индискиот Океан.

бенд | м.

Помала инструментална група, мал оркестар. Тоа е нов бенд на музичката сцена. Во Скопје настапија повеќе странски бендови.

бендер | м.

Вид петел. По гумното колваа кокошки и еден бендер петел.

бендери се | несв.

Се перчи, се прави важен; се качува на високо. Тој се бендереше, без срам, пред туѓинците. Кај се бендериш таму!

бендиса | св.

Се допадне некому. Тој од едно видување ја бендиса девојката.