локализам | м.
Залагање за тесно сфатени интереси врзани за определено место или крај, што е во спротивност со интересите на пошироката заедница.
локализира | св. и несв.
Ограничи, ограничува на едно место, оневозможи, оневозможува ширење на нешто. Го локализираа пожарот. Ќе ја локализираат епидемијата.
локализиран | прид.
Што е ограничен на едно место. Пожарот е локализиран.
локалистички | прид.
Што се однесува на локали
локалитет | м.
Место, предел, крај со специфичноста на својата положба и услови и сл. Археолошки локалитет. Антички локалитет.
локало | ср.
локалпатриот | зам.
Лице што пројавува локалпатриоти Тој е голем локалпатриот.
локалпатриотизам | м.
Претерана љубов и приврзаност кон родниот крај и кон сè што произлегува од него; пристрасност кон своето место. Гласачкиот чин имаше нагласен локалпатриотизам.
локан | м.
Метален сад во кој се става распален дрвен јаглен или жар за загревање на соба, јадење и друго; мангал.
локаница | ж.