лозница | ж.
Винова лоза што се вие на леса и друго. Застана под разлистаната лозница. Тремот беше обраснат со лозници.
лозов | прид.
Што се однесува на лоза, што е од лоза. Лозов лист. Лозова ракија. Лозови ветки.
лозунг | м.
Договорен знак, таен збор што служи за распознавање; лозинка;
лои | несв.
Натопува, мачка со лој.
лој | м.
Животинска маст, мрсно од говедо, овца, коза и сл. Овчи лој.
лојален | прид.
Што ги почитува законите, вообичаените норми.
лојоса | св.
а) Стане дебел. Целиот лојосал. б) Направи со многу лој. Ја лојоса манџата.
лока | несв.
Пие вода (или зема течна храна) зафаќајќи ја со јазикот и притоа правејќи звук (најчесто за животни). Мачето го лока млекото. Кучето локаше вода.
локал | м.
Просторија во која луѓето доаѓаат заради забава; кафеана, кафуле. Ноќен локал. Ноќно време шетаа по сите локали.
локален | прид.
Што е ограничен на едно место, што е својствен за една средина; местен. Локален говор. Локалниот сообраќај. Локална анестезија.