локатив | и.

Падеж со кој се обележува просторен, местен или временски однос.

локативен | прид.

Што се однесува на локатив.

локаут | м.

Затворање фабрики и масовно отпуштање работници со уцена (присилување на потешки услови за работа или оневозможување на штрајк).

локација | ж.

Место, положба на некој објект. Определи локација.

локач | м.

Човек што многу пие; пијаница.

локва | ж.

лочка 2. Вдлабнатина со дождовна вода; вир_2.

локна | и.

Извиткано перче коса; кадра. Си виткаше локни со показалецот. Русите локни ѝ беа паднале на челото.

локне | св.

локомотива | ж.

Железничка машина на тркала за влечење вагони. Парна локомотива. Електрична локомотива.