Лонг Ајленд | м.

Остров во составот на Њујорк, САД.

лонгета | ж.

Направа од цврст материјал што служи за имобилизација на повреден дел од телото.

Лондон | м.

Главен град на Велика Британија.

лонец | м.

Голем и длабок валчест емајлиран сад со една или со две рачки од страна, што служи за готвење или чување храна. Црпеше манџа од големиот лонец. Лонец со маст.

лонче | ср.

Мал и длабок валчест емајлиран сад, што служи за црпење или подгревање течност. Со лонче црпеше вода од котелот. Испи едно лонче млеко. Го стави лончето со млеко на огнот.

лонџа 1 | ж.

Управа на еснафско здружение. Отсекогаш ја почитувале управата на лонџите.

лонџа 2 | ж.

Вид детелина што служи за исхрана на добитокот. Ја искоси лонџата. Им даде на кравите лонџа.

лопата | ж.

Орудие со долга рачка и долен плоскат проширен дел (железен или дрвен) за црпење, пресипување, ринење ситен материјал (песок, земја, жито итн.), основен алат за работа со несврзани материјали. Го вееше житото со лопата. Рине снег со лопата.

лопатест | прид.

Што има форма на лопата. Лопатест лист. Лопатесто стапало. Лопатести дланки. Лопатести коски.

лопатка | ж.

Дем. од лопата.