лопка | ж.

Топка, грутка од снег. Зграпчив топка снег.

лопув | м.

Вид даб со големи лисја; Quercus conferta. Седна под сенката на џиновскиот лопув.

Лопушник | м.

Планина во Македонија.

лорд | м.

Висока благородничка титула во Англија.

лос | м.

Вид елен со големи лопатести рогови; северен елен; Cervus alces.

Лос Анџелес | м.

Град во Калифорнија, САД.

лосион | м.

Течно козметичко средство за нега (прочистување и освежување) на кожата или косата.

лосос | м.

Крупна риба со валчесто тело и црвено месо, што живее во северните мориња, а икрата ја положува во слатки води; Salmo salar.